Претставата „Отело“ на Турски театар-Скопје наместо вечер во рамки на „Скопско лето“ ќе биде изведена во четврток, 6 јули. Турски театар соопшти дека изведбата се презакажува од технички причини.
Претставата викендов доби награда за најоригинално истражување на еден сегмент од театарскиот јазик на 44. Интернационален фестивал на алтернативен и нов театар „Инфант“ во Нови Сад.
Шекспировиот „Отело“ на Турски театар-Скопје е во режија на Дејан Пројковски. Улогите ги толкуваат Џенап Самет, Сузан Акбелге, Селпин Керим, Осман Али, Зубејде Али и Неат Али. Кореографијата е на Олга Панго, сценографијата на Татјана Христовска Блажевска, музиката на Горан Трајкоски, а костимографијата на Тања Кларис.