Турскиот театар во рамки на Скопско лето 2017 вечер ќе ја изведе претставата Отело од Вилијам Шекспир во режија на Дејан Пројкоски.
Улогите ги толкуваат Џенап Самет, Сузан Акбелге, Селпин Керим, Осман Али, Зубејде Али и Неат Али.
Кореографијата е на Олга Панго, сценографијата на Татјана Христовска Блажевска, музиката на Горан Трајкоски, а костимографијата на Тања Кларис.
Претставата ќе се изведува со титл на македонски јазик на сцената на Театар Комедија.