Катар би можел да се соочи со дополнителни санкции

Од:

По истекот на крајниот рок за прифаќање на барањата што му ги поставија четирите арапски држави, Катар би можел да се соочи со дополнителни санкции, објави саудиската телевизја Ал Арабија.

Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет му доставија 13 барања на Катар, чиј краен рок за прифаќање истекува вечерва.

Катарскиот министер за надворешни работи Шеик Мохамед бин Абдулрахман ал Тани уште вчера изјави дека Катар ќе ги отфрли поставените барања, бидејќи со нив се „намалува катарскиот суверенитет“.

– Листата со барања ќе биде отфрлена, нема да биде прифатена. Подготвени сме за дијалог, но под соодветни услови, рече Ал Тани во Рим.

Според Ал Арабија, во вакви услови четирите арапски држави разгледуваат нова листа на потенцијални казнени мерки кон Катар, кои би можеле да опфатат и времено исклучување на Катар од членство во Советот за соработка во Персискиот Залив и проширување на постојните трговски санкции.

Како што јави ДПА, ваквата информација на Ал Арабија засега не е потврдена од ниту една од четирите арапски земји кои застанаа зад барањата доставени до Катар.

Овие четири земји минатиот месец ги прекинаа односите со Катар и воведоа санкции кон државата, обвинувајќи ги властите во Доха за поддршка и финансирање на терористички и екстремни исламистички групи. Кон санкциите подоцна се приклучија уште неколку арапски и претежно муслиманки земји.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На барање од САД, Катар го протерува Хамас

Катерина Ѓуровски

Катар: Ќе продолжиме финансиски да ги поддржуваме нашите браќа и сестри во Палестина

ВИДЕО: Германскиот претседател го оставија половина час да чека на жешкото сонце во Катар

Катар: Копнената инвазија на Газа ќе има катастрофални последици за регионот

Катерина Ѓуровски

Откриено ново наоѓалиште на природен гас на Кипар

А1он

Европратениците усвоија Резолуција со која не се дозволува пристап на катарски лобисти до Европарламентот