Македонската атлетска репрезентација го освои седмото место на екипното Европско првенство што се одржа во Марса, Малта.
Нашата селекција беше дел од третата лига, каде првото место го освои Луксембург со 317 бодови, пред Босна и Херцеговина со 266 и Грузија со 262. Двете првопласирани селекции следната година ќе бидат дел од Втората лига.
Македонија успеа да освои 179 бодови, а нашите атлетичари имаа неколку солидни остварувања.
На првенството настапија десет селекции, а редоследот е следен: Луксембург, БиХ, Грузија, Малта, Црна Гора, Ерменија, Македонија, Андора, Асоцијација на мали држави и Азрбејџан.