Македонија седма по првиот ден на Европското екипно првенство во атлетика

Од:

Репрезентацијата на Македонија во атлетика која се натпреварува на екипното Европско првенство – трета лига по првиот ден од натпреварите се наоѓа на седмото место. По 21 завршена дисциплина Македонија има освоено 98 бодови.

Од резултатите на македонските атлетичари за одбележување е првото место на Дрита Ислами во дисциплината 400 метри со пречки со резултат 59.69 секунди. Таа по вторпат постигна време (норма) за настап на Европското првенство во Бидгошч. Национален рекорд постигна и Марија Стојановска во трката на 3000 метри стиплчез – 12:09.82 минути, а најдобри времиња остварија: Катерина Тимчевска (400 метри); Валбона Селими (100 метри) и Андријана Поп Арсова (3000 метри).

Во третата лига настапуваат 10 репрезентации: Грузија, Азербејџан, Малта, Македонија, Црна Гора, Лухсембург, Ерменија, Асоцијација мали држави, Босна и Херцеговина, Андора, додека на стартот не се појавија репрезентациите на Косово и на Албанија.

Пласман по првиот ден: Луксембург 173 бодови; Малта 145,5; Грузија 135; Босна и Херцеговина 131; Ерменија 115; Црна Гора 113,5; Македонија 98; Асоцијација на мали држави 77; Андора 63, Азербејџан 50.

Попладнево на програмата се натпреварите од вториот ден.

Би можело да ве интересира

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди