Со Програмата за помош на социјално ранливи категории на граѓани, ппштина Кочани во текот на летните месеци ќе организира бесплатни курсеви за пливање за ученици на возраст од 8-14 години од социјално ранливи семејства.
Курсевите за пливање можат да ги посетуваат деца од семејства со самохрани родители, корисници на социјална помош или семејства во кои едниот од родителите е невработен.
При пријавувањето заинтересираните лица треба да се приложат потврди од Центарот за социјални работи односно од Агенцијата за вработување.
Часовите по пливање ќе се организираат на Градскиот базенво Кочани во месец август со инструктори за пливање.
Пријавувањето е до 15 јули во Едношалтерската канцеларија во општина Кочани.