Репрезентациите на Германија и на Чиле одиграа нерешено 1:1 синоќа во Казан во 2. коло Б-група на Купот на Конфедерациите.
Овој резултат и двете селекции ги донесе на чекор до пласман во полуфиналето.
Чиле беше подобра противник и по само шест минути преку Алексис Санчез поведе со 1:0.
Конечниот резултат го постави Ларс Штиндл пред крајот на првото полувреме.
Претходно со истиот резултат заврши мечот меѓу Камерун и Австралија.
Германија и Чиле се на првите две места во групата со по четири бода, пред Камерун и Австралија, кои имаат по еден освоен бод.
Во последното коло Германија ќе игра со Камерун, додека Чиле ќе се сретне со Австралија.