Иран секојдневно му испраќа по 1.100 тони овошје и зеленчук на Катар, кој е блокиран од соседните земји во Персискиот залив.
Тоа го изјави Мухамед Мехди Боншар, директор на иранското пристаниште Бушер, кое се наоѓа спроти Катар, земја која има 2,2 милиона население.
Тој истакна дека 350 тони храна дневно се испраќаат во катарските пристаништа од иранското пристаниште Даер, а 750 тони од иранското пристаниште Болхеир Тангестан.
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Египет и уште неколку арапски земји на 5 јуни ги прекинаа дипломатските односи со Катар, кој е обвинет дека поддржува тероризам и е близок со Иран.