Фудбалерите на Мексико го победија Нов Зеланд со 2:1 синоќа во вториот натпревар од 2. коло група-А на Купот на Конфедерациите што се одржува во Русија.
Прв во водство дојде Нов Зеланд со голот на Крис Вуд во 43. минута. Во второто полувреме Мексиканците го свртеа резултатот во своја корист. Прво Раул Хименез изедначи во 54.минута, а победата ја обезбеди Орибе Пералта во 72.минута.
Москва, 22 јуни 2017 (МИА) – Репрезентацијата на Макесико со пресврт во второто полувреме славеше победа над Нов Зелан со 2:1.
На натпреварот од 2.коло во А-групата на фудбалскиот Купо на Конфедерации што се одржува во Русија, иако Нов Зеланд со голот на Крис Вуд во 42.минута имаше предност од 1:0 по првиот дел, сепак Мексиканците во второто полувреме успеаја да направат пресврт.
Раул Алонсо Родригез во 54.минута го израмни резултатот, а во 74-тата Орибе Пералта го постигна вториот гол за победа на Мексико од 2:1.
Во првиот меч од оваа група Португалија со голот на Кристијано Роналдо го совлада домаќинот Русија со 1:0.
Мексико и Португалија се на двете водечки позиции на табелата со по 4 бодови, додека Русија има 1, а Нов Зеланд без освоен бод.
Во последното коло, Мексико ќе игра против Русија, а Португалија против Нов Зеланд.
Денеска на Купот на Конфедерации ќе се играат средбите од 2.коло во Б групата, а двојките се: Камерун – Австралија (17 часот) и Германија – Чиле (20 часот).