Канадер денеска се урна во централна Португалија додека гаснел шумски пожар во реонот на Педрогао Гранде.
Претставник на португалската Цивилна заштита не прецизира чиј канадер се урнал. Во Португалија од неделата испратени се 11 авиони за гаснење пожар од кои шест од Шпанија, три од Франција и два од Италија.
Во местото Гоис, северно од Педрогао Гранде, каде во пожар загинаа 64 лица, избувна уште еден пожар.
Португалските пожарникари денеска соопштија дека напредуваат во гаснењето на огновите во централниот дел на земјата и оти се надеваат дека наскоро ќе ги стават под контрола.
Португалскиот премиер Антонио Кошта во меѓувреме нареди истрага за причината за катастрофалниот пожар.