Џихадистичка група презеде одговорност за нападот во Мали

Од:

Водечката џихадистичка група во реонот на Сахел, која е поврзана со Ал Каеда, презеде одговорност за нападот во Мали, при што беа убиени четворица цивили, еден малиски војник и четворицата напаѓачи.

Во соопштение објавено на социјалните мрежи, групата Нусрат ал Ислам уан Муслимен (Поддршка на Исламот и муслиманите) наведува дека целата била да се испрати порака до „крстоносците“ дека никогаш нема да бидат безбедни во земјата.

Групата тврди дека нападот го извршиле три лица кои херојски загинале, иако властите на Мали соопштија дека ликвидирале ќетворица напаѓачи.

Првиот дипломат на Европската унија Федерика Могерини изјави дека, меѓу убиените се и еден маж од Португалија и една жена од Мали, кои работеле во Миисјата на ЕУ во Мали.

Португалецот бил дел од Мисијата на ЕУ за обучување на малиските војници, а жената работела во делегацијата на Унијата во земјата, појасни Могерини.

Меѓу жртвите има и лица од кинеска и габонска националност. Еден Французин и еден Швеѓанец кои се водеа како исчезнати, подоцна беа пронајдени.

Пет лица кои се осомничени за поврзаност со нападот се уапсени.

Би можело да ве интересира

Шефот на кабинетот на претседателот на Мали убиен во заседа

Ана Ололовска

ОН: Во напад на Мали загинаа двајца мировници, а четворица се повредени

Ана Ололовска

Мали побара итен состанок на Советот за безбедност за француски „акти на агресија“

Ана Ололовска

Германија го суспендира учеството во мировната мисија на ОН во Мали

Ана Ололовска

Во Мали убиени двајца припадници на мисијата на ОН

А1он

Европската комисија ја осуди цензурата од Владата на Мали за француските државни медиуми

Ана Ололовска