Армијата на САД објави denes дека ќе побара смртна казна за војникot обвинет за убиство на 16 цивили за време на војната во Авганистан.
Наредникот Роберт Бејлс е обвинет за убиство со предумисла и други кривични дела поврзани со нападите на 11 март во две села во јужен Авганистан. Прелиминарното сослушување започна минатиот месец.
Според обвинителството, Бејлс пред зори ја напуштил својата база, отишол во едно село, се вратил во базата, а потоа повторно кришум излегол и го извел нападот во друго село во близината.
Во нападите убил 16 лица, вклучувајќи девет деца.