Репрезентацијата на Португалија попладнево во Казан одигра 2:2 против Мексико во вториот натпревар од групата А на Купот на Конфедерации што се одржува во Русија.
Португалците два пати водеа, но на крајот мораа да се задоволат само со бод, бидејќи Хектор Морено во судиското надополнување постигна гол за изедначување.
Головите за Португалија ги постигнаа Рикардо Кварезма во 34.минута и Андреш Седрик во 86.минута. Првиот гол за Мексико беше дело на Чичарито во 42.минута.
Вчера во првиот натпревар од оваа група Русија го совлада Нов Зеланд со 2:0.
Од 20 часот во Москва играат Камерун и Чиле во првиот натпревар од Б група во која се и Германија и Австралија.