Десетици гневни демонстранти денеска попладне упадаа во зградата на општинскиот совет во лондонскиот кварт Кенсингтон-Челси , на чија територија се наоѓа опожарената кула Гринфил.
Лондонските демонстранти ја турнаа автоматската врата што води кон првиот кат и беа запрени на скалите на вториот кат од неколкумина чувари. Се создаде тепаница меѓу демонстрантите и чуварите и при тоа дел од нив ја напуштија зградата.
Демонстрантите што се наоѓаа во зградата, како и они што стоеа пред неа, скандираа „Сакаме правда“, „Срам за вас“ , „Убијци“.
Некои од демонстрантите носеа транспаренти со натпис „Правда за Гринфил“.
Одделен протест од околу 200 лица се одржа и кај метро станицата Нотигхил, со инсистирање за побрзо дејствување од страна на општинските советници одговорни за сместувањето на лицата кои останале без дом.
Лондон доживува хроничен недостиг на станови и демонстрантите стравуваат дека општината ќе ги смести во домови далеку од нивната заедница.
Луѓето стравуваат дека можеби ќе бидат принудени да го напуштат Лондон.