Говорот на британската кралица по повод новата Влада се одложува за неколку денови

Од:

Традиционалниот говор на британската кралица Елизабета Втора, предвиден за 19 јуни, на кој се претставува законодавната програма на новата Влада, се одложува за неколку денови поради изнанадувачките резултати од парламентарните избори во Велика Британија, јави „Би-Би-Си“.

Политичкиот новинар на „Би-Би-Си“ Норман Смит наведе дека оваа одлука, што не е официјално потврдена, е знак на „нејаснотијата“ што ќе содржи говорот.

Министерот за Брегзит Дејвид Дејвис изјави денеска дека „некои елементи од програмата“ на Конзервативната партија, кои беа претставени во предизборната програма, ќе бидат „отстранети“.

На прашањето за евентуалното одложување на говорот, портпаролот на британската премиерка Тереза Меј изјави на прес-конфернеција дека претседателката на Долниот дом Андреа Лидсон „ќе го прецизира датумот кога ќе дојде време“.

По настојувањето на новинарите, дали тоа значи дека говорот нема да биде одржан на 19 јуни, портпаролката нагласи дека тоа е „улога на претседателката на Долниот дом“, да го објави датумот на говорот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија

Јавниот долг на Велика Британија достигна 100 отсто од нејзиниот БДП