Пливачи на ПК Бета кои викендот учествуваа на меѓународниот натпревар „Делфин Куп” во Скопје, освоија вкупно 111 медали од кои 36 златни, 38 сребрени и 37 бронзени.
За најдобри пливачи по категории беа прогласени Ана Јаневска, Јана Милковска и Јован Јанковски.
Миа Блажевска Еминова постави нов македонски рекорд во дисциплината 50 метри грбно со време 35,42 секунди, додека стариот беше на пливачката Деа Калајлиоска со време 35,47.
Пливачкиот клуб Бета беше прогласен за најдобар клуб на натпреварот со што покрај тоа што изминатите пет години е државен првак воедно стана и најтрофеен пливачки клуб во Република Македонија.