За да биде поблиску до шестгодишната ќерка со која ќе ги помине празниците, актерот Том Круз на Сури и купи куќа во која заедно ќе го поминат времето.
Актерот Том Круз на својата ќерка одлучил да и подари незаборавен Божик.
Поточно, тоа е првиот семеен Божик кој семејството нема да го мине заедно, затоа што Том и Кејти Холмс се разведоа. Сури ќе прославува во својата сопствена куќа во Њујорк, која на подарок ја доби од нејзиниот татко Том.
Том (50) и неговата шестогодшна ќерка, Божик ќе го слават заедно, а за нејзиното задоволство да биде поголемо, освен куќата ,татко и и купи и пони.
Кога Кејти (33) во јуни најави дека се разведува од Том, се пресели со Сури од Лос Анџелес каде што живееа заедно, во Њујорк во стан на Менхетен, а после купувањето на новата куќа за Сури, сега и тато Том е поблиску.