Панета: Во авганистанската војска дојде до „пресвртна точка“

Од:

Министерот за одбрана на САД Лион Панета изјави дека, според американските команданти во Авганистан, САД и нивните сојузници  по 11 години војна во оваа земја успеале да „ја свртат тенденцијата“, пренесоа американските медиуми.

Во говор во Националниот прес клуб во Вашингтон, Панета изјави дека меѓународната воена коалиција ја прекршила веќе пет години актуелната тенденција на зголемување на насилството.

Авганистанската армија веќе е на пат да ја преземе одговорноста за гарантирање на безбедноста на целата територија на земјата, што ќе се случи следната година, изјави министерот за одбрана.

Минатата недела Панета два дена беше во Авганистан на консултации со високи американски команданти и со авганистанската влада. Таму тој соопшти дека идниот месец претседателот на Авганистан Хамид Карзаи ќе се сретне во Вашингтон со претседателот Барак Обама, за да го разгледа развојот на билатералните односи и иднината на земјата.

Панета потврди дека коалициските сили на НАТО ќе бидат повлечени од Авганистан, како што е планирано, до крајот на 2014 година, но додаде дека САД во оваа земја ќе остават свои воени советници и инструктори, кои ќе продолжат да ги подготвуваат авганистанските војници, пренесоа руски медиуми.

Панета оптимистички зборуваше за ситуацијата во Авганистан, но забележа дека се засилуваат другите закани за американската безбедност што се поврзани со терористите од Ал Каеда, кибер нападите и непријателските режими кон САД, како Иран, забележаа американските медиуми.

Ова се последните недели на Панета како шеф на Пентагон. Тој одамна соопшти дека наскоро ќе поднесе оставка и ќе се врати во Калифорнија, каде неговата сопруга Силвија продолжува да работи во Институтот за јавна политика „Панета“, што двајцата го основале во 1977 година.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија