Катар денеска ги отфрли како неосновани обвиненијата, кои се наведени списокот, што го објави Саудиска Арабија и нејзините сојузници.
На спискот се наведени лица и организации поврзани со тероризам, за кои се тврди дека ужуваат поддршка од Доха.
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Египет и Бахреин вчера го зајакнаа притисокот врз Катар бидејќи, според нив, се меша во внатрешните работи на соседите и поддржува и финансира исламистички групи.
Четирите земји објавија црн спосок со имиња на 59 физички лица и 12 правни лица, кои се поврзани со тероризам и имаат поддршка од Доха.
На списокот се лидерот на организацијата Муслимански браќа Јусеф ал Карадави и добротворните фондации „Катар чарити“ и „Ејд чарити“.
Меѓу наведените 18 Катарци, кои го финансираат тероризмот има бизнисмени, политичари, високи членови на владејачката династија, вклучувајќи го и поранешениот министер за внатрешни работи.