Катар го најави прелиминарниот извештај од истрагата за кибер-нападите во КНА

Од:

Катар ги најави прелиминарните резултати од истрагата за кибер-нападите во државната информативна агенција КНА, кои станаа причина за спорот со неговите тројца соседи од Заливот и со Египет, без притоа да ги идентификува извршителите.

Во синоќешното соопштение на катарското Министерство за внатрешни работи се посочува дека кибер-нападите започнале во април, еден месец пред да бидат објавени спорните изјави на емитор Тамим бин Хамад Ал Тани.

Меѓу објавените изјави, кои се препишуваат на емирот, се и палестинското исламско движење Хамас, кои е претставено како „легитимен претставник на палестинскиот народ“ и шиитски Иран, опишан како стратешки сојузник во регинот.

Екипите кои ја водат истрагата потврдија дека кибер-нападите се извршени со најнови технички средства и оти хакерите искористиле „пукнатини“ во системот на агенцијата, наведе катарското МВР.

Претходно Катар соопшти дека при истрагата му помага Федералното истражно биро (ФБИ), а во прелиминарниот извештај се открива да во истрагата работат и британски експерти.

Телевизијата „Си-Ен-Ен“ јави дека кибер-нападите биле извршени од страна на руски хакери.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: На барање од САД, Катар го протерува Хамас

Катерина Ѓуровски

Катар: Ќе продолжиме финансиски да ги поддржуваме нашите браќа и сестри во Палестина

ВИДЕО: Германскиот претседател го оставија половина час да чека на жешкото сонце во Катар

Катар: Копнената инвазија на Газа ќе има катастрофални последици за регионот

Катерина Ѓуровски

Откриено ново наоѓалиште на природен гас на Кипар

А1он

Европратениците усвоија Резолуција со која не се дозволува пристап на катарски лобисти до Европарламентот