Лондонската полиција вечерва соопшти дека нејзини припадници извршиле контролирана експлозија во близина на местото каде што се гради новата зграда на Амбасадата на САД во Лондон.
Во соопштението се посочува дека полицијата реагирала откако добила известување дека близу градилиштето се паркирани два сомнителни автомобили.
Засега не се соопштени повеќе детали за целиот случај.
Портпаролката на Амбсадата на САД во Велика Британија изјави дека во време на експлозијата на градилиштето немало американски дипломати.