Македонскиот тенисер Томислав Јотовски успеа да се пласира во второто коло на фјучрсот во Кисељак откако со пресврт стигна до триумф над Мајк Урбанија од Словенија со 2-1 во сетови. Мечот траеше 2 часа и 17 минути.
Првиот сет го доби неговиот ривал со 6:3 во гемови. Најголема борба се водеше во седмиот гем при резултат 3:3 во гемови кога беа одиграни 22 поена, а гемот со брејк го доби Урбанија, кој потоа го доби и сетот. Протвникот на Јотовски ги доби и следните два гема први во вториот сет за водство од 2:0 , но нашиот тенисер успеа да се врати во игра и со серија од 6:1 во гемови успеа да изедначи на 1-1 во сетови. Во решвачкиот сет неизвесно беше до 3:3 во сетот, а потоа од 13 поени Јотовски доби 12 и не загуби ниту еден поен на свој сервис во двата последни гема. Со што ја потврди победата и добрата форма, иако по турнирот во Брчко имаше и мали здравствени прблеми.
Утре во второто коло Јотовски ќе игра против седмиот носител Ерик Крепалди од Италија, кој се наоѓа на 549 место на АТП листата, а пред две сезони бил и на 282.место. Нашиот тенисер утре ќе игра и мечот во конкуренција на двојки.