Поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт подготвува нова книга, со работен наслов „Фашизам“, во која изразува загриженост за демократијата.
Во книгата таа предупредува дека „демократските влади се кревки“, а САД, под раководство на актуелниот претседател Доналд Трамп, „минуваат низ сопствена криза“.
Книгата го опфаќа периодот откако Олбрајт го напушти Стејт департментот во 2001 година.
Таа беше државен секретар за време на Администрацијата на претседателот Бил Клинтон.