BMW го претстави обновениот Z4 роудстер, кој нуди минимални визуелни измени кои би ги приметиле само вистинските познавачи на моделот.
Агрегатот има зафатнина од 2 литри и произведува 154 кс со максимален вртежен момент од 240 Nm, a e усогласен со стандарден шест-степен рачен или опционален осум-степен автоматски менувач.
Со овој мотор, Z4 забрзува од 0-100 км/ч за 7.9 секунди и достигнува максимална брзина од 221 км/ч, додека неговата просечна потрошувачка изнесува 6.8 литри на 100 километри.
BМW објави дека светската премиера на освежениот Z4 ќе се одржи на автомобилскиот саем во Детроит во Јануари, а ќе започне да се продава во Март истата година.