Пентагон: Кризата околу Катар не ги загрозува американските воени операции

Од:

Американските воени операции во Катар не се загрозени од кризата околу оваа држава, која е еден од клучните сојузници на САД во регионот на Персискиот Залив, соопшти денеска портпаролот на Пентагон, Џеф Дејвис.

– На ниво на воените операции, (кризата) нема никакво влијание, потенцира Дејвис.

Кризата околу Катар започна кога останатите арапски земји ги замрзнаа допломатските односи и прекинаа секаква соработка со Доха, обвинувајќи ја финансирање на тероризмот.

Во Катар се наоѓа најголемата американска воена база во регионот „Ал Удејд“, каде се стационирани околу 10.000 припадници на Вооружените сили на САД.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија