Британската Влада издаде предупредување до своите граѓани кои имаат намера да патуваат во Босна и Херцеговина, поради опасност од терористички напади.
Владата во Лондон наведува дека постои можност за нов терористички напад во БиХ потсетувајќи на нападите во Рајловац и Зворник, јавија босански медиуми.
Наведено е дека и терористи би можеле да извршат напади во БиХ и нападите да бидат без конкретна цел.
БиХ секоја година ја посетуваат околу девет илјади Британци.