Трамп: Лидерите од Блискиот Исток со кои се сретнав го посочија Катар како спонзор на радикална идеологија

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп наведе денеска дека при посетата на држави од Блискиот Исток, предупредил да не се спонзорира радикална идеологија и сите лидери со кои се сретнал посочиле со прст кон Катар.

– При неодамнешната посета на Блискиот Исток изјавив дека повеќе не може да се финансира радикалната идеологија. Лидерите посочија кон Катар, напиша тој на Твитер.

Саудиска Арабија, Бахреин, ОАЕ, Јемен, Египет и Малдиви ги прекинаа дипломатските и трговски односи со Катар, обвинувајќи го за поддржување тероризам.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија