Бош го трасира патот кон самовозечки автомобили

Од:

Малку се знае дека еден од најголемите снабдувачи на авто-индустријата на електронски системи и компоненти воедно е и предводник во развојот на „автомобили без возачи” на иднината.

Темелите на автономното возење се поставени на 1 октомври во 1986 година со покренување на истражувачкиот проект „Prometheus” (Програма за најголема ефикасност и безбедност без преседан во европскиот сообраќај, на англиски Programme for European Traffic with Highest Efficiency and Unprecedented Safety) во која бил вклучен и Бош.

Пред некое време, од почетокот на 2011 година оваа компанија со својот проектен тим интензивно работи на технологии за самовозечки автомобили. Над 2.800 инжинери во Бош се вклучени во идниот развој на системи за асистенција на возачот, па така и во развојот на автономното возење и паркирање.

Благодарение на тоа, приходите на компанијата од продажбата на системите за асистенција на возачи надминале милијарда евра во 2016 година.

Кои се предностите на „автомобилите без возачи”?
– Истражувањата кои се спроведени во САД покажуваат дека со примена на автономно возење на автопат може да се заштеди и до 39 отсто гориво.

– Покрај тоа, автономното возење го подобрува протокот на сообраќајот, бидејќи овозможува поминување на 80 отсто повеќе возила преку раскрсници со светлосна сигнализација, во ист временски период.

– Ако во 2025 година постоечките автомобили целосно се заменат со самовозечки, само во САД, Кина и Германија може да се заштедат до 400.000 метрички тони CO2 годишно, т.е. за толку би се намалила емисијата на овој гас во атмосферата.

– Исто така, целосно автономното возење во 2025 година може да заштеди и до 95 часа годишно на возачите кои редовно користат автомобил.

Автономното возење ги прават патиштата побезбедни

Според податоците на ОН, секоја година во сообраќајни несреќи во светот животот го губат 1,25 милиони луѓе, а дури 90 отсто од сите сообраќајни несреќи може да се припишат на човечка грешка.

Истражувањето на несреќите, кое го спроведе компанијата Бош, предвидува дека со зголемувањето на автономното возење (со намаленото влијание на човекот на процесот на возењето) стапката на несреќите може да се намали за третина само во Германија.
Освен тоа, благодарение на услугата на автономното паркирање една иста површина може да се искористи за паркирање на 20 отсто повеќе возила.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска