Египет го затвора воздушното пространство за Катар и ги прекинува авионски летови со Доха. Тоа го објави денеска египетското Министерство за цивилно воздухопловство.
Донесена е одлука да се прекинат авиоврските со Катар и да се затвори воздушното пространство над Египет за транзитни и авиони кои слетуваат од Доха. Забраната стапува во сила од утре, 6 јуни, се наведува во соопштението на Министерството.
Претходно ОАЕ, Бахреин, Саудиска Арабија, Египет, Јемен и Малдиви ги прекинаа дипломатските односи со Катар, обвинувајќи го за поддршка на тероризмот.
ОАЕ, Арабија и Бахреин одлучија да го затворат 24 часа воздушното пространство, како и копнените и морски граници со Катар.
Компанијата „Катар ервејз“ соопшти дека ги прекинува сите летови кон Саудиска Арабија.