Во рамки на истрагата на нападот во Лондон британската полиција настојува да ја утврди неговата позадина, како и дали екстремистите имале нечија поддршка, изјави Кресида Дик, началник на лондонската полиција.
– Голем приоритет за нас е очигледно да се обидеме да откриеме дали соработувале со уште некого, дали уште некој е вмешан во планирањето на овој напад и да ја откриеме неговата позадина, изјави таа за Би-Би-Си.
Полицијата, според неа, претресла повеќе различни места во источен Лондон.
– Запленивме голема количина форензички материјал, така што работиме многу брзо, рече таа.
Во терористичките напади во саботата во Лондон животот го загубиле седум лица, а над 50 се повредени.