Тилерсон: Прекинувањето на односите со Катар нема да ја засегне борбата против тероризмот

Од:

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон изјави дека не очекува одлуката на Саудиска Арабија, Египет, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин да ги прекинат односите со Катар, ќе се одрази сериозно на борбата против Исламската држава.

– Не очекувам тоа да има некакво сериозно значење за заедничката борба со теророзмот на регионален и глобален план, наведе Тилерсон во Сиднеј, по средбата на министрите за надворешни работи и одбрана на Австралија и САД.

Тилерсон ги повика земјите, кои се членки на Советот за соработка во Заливот, да ги надминат разликите.

Координираното прекинување на дипломатските односи е драстична ескалација на споровите околу поддршката на Катар за Муслиманските браќа, настарото исламско движење во светот.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија