Промената на границите на Балканот на мирен начин е најдобро решение за проблемите во регионот, смета американскиот експерт за Балканот, Стивен Мејер.
Мејер во интервју за руската агенција Спутњик, оценува дека „во границите нема ништо свето“, додавајќи дека по завршувањето на Студената војна многу граници се промениле на мирен начин, како што беше случајот со поранешните Советски Сојуз или Чехословачка.
Според него, на Балканот постои „извесна поддршка за некој вид промена на границите, но и страав“, па затоа во регионот мора да се создаде „креативно лидерство“.
Мејер смета дека идејата за Голема Албанија може да се реализира, исто како и прашањето за создавање на Голема Србија или да се разгледа идејата за формирање на „некаков вид конфедерација на преваославните подрачја“, во која би влегле Македонија, Црна Гора, Република Српска и Србија.
Според него, доколку дојде до формирање на Голема Албанија, Србија би можела како компензација да го добие делот од Косово северно од реката Ибар, а би требало и да се организира и реферндум во Република Српска, за тамошните жители да кажат дали сакаат неависност, дали сакаат да бидат дел од Босна и Херцеговина или да станат дел од Србија,
– На повеќето луѓе со кои разговарав (во Република Српска) им се допаѓа идејата да бидат дел од Србија. Мислам дека постои и можност за тесна соработка со православната Македонија, Суштината е во тоа што во овој дел на светот прашањето на суверенитетот не е решено. Она што Париз, Берлин и Брисел не го разбираат во врска со Балканот е тоа што тука се уште не е решен проблемот на суверениетот, вели Мејер во интервјуто.
Како што пренесува Танјуг, тој натаму им препорачува на балканските лидери „да ги држат настрана САД и генерално големите сили“.
– Ако ги погледнете последните 22 години, секогаш кога во регионот се мешаа Американците, а понекогаш и Русите, работите не завршија добро. САД треба да бидат држени понастрана. Американските политичари не го разбираат регионот и не ги сфаќаат етничките поделби. Регионот мора сам да ги решава проблемите, оценува Мејер.
Според него, на Балканот имало преголеми очекување од политиката на американскиот претседател Доналд Трамп.
– Вашингтон многу малку се интересира за Балканот. Четири месеци од стапувањето на должност на новата Администрација во неа никој не зборува за Балканот, Тоа е затоа што тука се Русија, Кина, Блискиот Исток, тероризмот… Вашите очекување се преголеми, Тоа не значи дека не посотјат американски официјални претставници кои се интересираат за регионот, но тие се од понискиот ешалон, заклучува Мејер, кој во 90-те години на минатиот век беше заменик раководител на ЦИА за Балканот.