Предвремените парламентарни избори во Велика Британија ќе се одржат на осми јуни и покрај вчерашниот напад во Лондон, изјави британската премиерка Тереза Меј.
Таа посочи дека предизборната кампања утре ќе биде обновена, која денеска беше стопирана поради нападот при што загинаа седум луѓе, а 48 лица се хоспитализирани.
Меј посочи дека од 22 мај во Велика Британија спречени се пет терористички напади.
– Последните три напади во Велика Британија не се поврзани, но покажуваат дека земјата е соочена со нова закана, при што напаѓачите взаемно се копираат, потенцира Меј.