Словенија и Хрватска ќе работат за прием на западен Балкан во ЕУ

Од:

Словенија и Хрватска денеска најавија дека ќе продолжат да работат за зачленување на земјите од западен Балкан во ЕУ, со што би се придонело за зајакнување на довербата и стабилноста во регионот, јави словенечката агенција СТА.

– Словенија го поддржива процесот на проширување (на Унијата) и јасно е дека регионот веќе и припаѓа на ЕУ. Сепак, потребно е државите од Западен Балкан да ги спроведат реформите, да изградат институции, да го зајакнат владеењето на правото и да се справат со корупцијата и организираниот криминал, изјави словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец во Брдо кај Крањ.

Ерјавец призна дека ЕУ се соочува со многубројни предизвици, како што се миграцијата, тероризмот и Брегзитот, но нагласи дека процеот на проширување мора да остане клучна цел на Унијата.

– Не можеме да замислиме постоење на „зелена зона“ на територијата на Европа. Уверени сме дека стабилен западен Балакан придонесува за стабилноста на цела ЕУ, порача Ерејавец од Брдо кај Крањ, каде денеска се одржува Самит на претседателите на земјите опфатени со процесот „Брдо-Бриони“.

Хравтскиот министер за надворешни работи Давор Иво Штир, кој исто така присуствува на собирот во Брдо кај Крањ, оцени дека е многу значајно да се задржи кредибилитетот на процесот на проширување на ЕУ.

– Државите кои сакаат да станат членки на ЕУ мораат да ги спорведат реформите, но кога ќе бидат испонети критериумите, вратата за членство мора да биде отворена, рече Штир.

Тој нагласи дека ќе тежнее проширувањето да се одржи на дневниот ред на ЕУ, додавајќи дека тој процес всушност повеќе е „консолодација на Европа, отколку проширување“.

На Самитот во Брдо кај Крањ присуствуваат и македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов и шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра