Два американски носачи на авиони и неколку јапонски воени бродови денеска започнаа заедничка воена вежба во водите на Јапонско Море.
Американските носачи на авиони „Роналд Реган“ и „Карл Вилсон“ им се придружија на јапонските разурнувачи „Хјуга“ и „Ашигара“ во вежбата во Јапонски Море, познато и како Источно Море, каде во понеделникот падна севернокорејска балистичка ракета.
Тридневните воени вежби се со цел да се изврши притисок за запирање на нуклеарната и ракетна програма на Северна Кореја, која годинава изведе десетина нуклеарни тестирања и покрај предупредувањата од Обединети нации за воведување на санкции.