Државно првенство во пливање во Куманово

Од:

Во организација на Федерацијата на училишен спорт на Република Македонија и преку општинскиот сојуз на спортови, денеска на градскиот базен во Куманово се одржа државно првенство во пливање.

На првенството учествуваат 180 натпреварувачи од 54 основни и средни училишта од Македонија. Учесниците се натпреваруваат во четири дисциплини – слободен стил, градно пливање, грбно и делфин.

– Учениците се поделени во неколку категории – до петто одделение, шесто и седмо – втора категорија, осмо и деветто – трета група и средни училишта – четврта група, изјави Ивица Ѓорѓиевски, претседател на училишниот сојуз на спортови.

На првенството учествуваат околу 50 ученици од Куманово.

– Со отворање на новиот базен, младата популација пројави значителен интерес за овој спорт. Се надеваме дека за неколку години ќе добиеме врвни пливачи, а и сега се надеваме на добри резултати, изјави Далибор Димковски, професор по спорт и спортски активности од кумановската гимназија.

Учениците од петте средни училишта и шеснаесетте основни училишта имаат бесплатни часови по пливање кои се реализираат во рамки на часовите по спорт и спортски активности, што се регулираше преку програмата изгласана на Советот на општината. По отварањето на базенот, во Куманово беа формирани три пливачки клуба.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска