На престижната изложба „Конкорзо Д’Елеганца“ во Вила Д’Есте, „Ролс-Ројс“ претстави фасцинантен и неверојатно голем двосед, кој е направен по примерот на рачно произведените модели на овој британски производител од 20-те и 30-те години на минатиот век.
„Ролс-Ројс Свиптејл“ не е концептен автомобил, туку се изработува по порачка на купувачите.
Техничката основа на моделот е „Фантом Купе“, кој во овој случај доби „фастбек” заден дел и стаклен покрив, кој се завршува на врвот на задниот дел, а со тоа асоцира на моделите на „Ролс-Ројс“ од богатата историја на оваа марка.
Човекот кој го порачал овој уникатен „Ролс-Ројс“ е анонимен, но се знае дека покрај милиони долари, морал да има и добри врски во компанијата за да му исполнат вакви желби и на крај да произведат само едно такво возило.
„Ролс-Ројс“ тврди дека со овој клиент работеле со години на дизајнот на автомобилот.
Кон задниот дел автомобилот продолжува со стаклената купола во форма на капка под кој е просторот за багаж од високо квалитетно дрво.
Не треба да се спомнува дека за овој автомобил посебно е дизајнирана и изработена соодветна линија на торби и куфери.