Еиде: Кипар е блиску до договор, но, сепак, загрижен сум

Од:

Специјалниот советник на ОН за Кипар, Еспен Барт Еиде, денеска во Атина изјави дека Кипар останува „многу, многу блиску“ до спогодбата за повторно обединување на етнички поделениот остров, и покрај неуспешните преговори што беа одржани минатата недела, јави Танјуг.

Еиде изјави дека досегашните разговори ја донеле можноста за федерално обединување многу поблиску од кога било порано, од поделбата на островот во 1974 година, пренесуваат американските медиуми.

– Ние, всушност, сме многу, многу блиску, всушност поблиску отколку што луѓето можат да разберат, рече Еиде, по состанокот со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас.

Еиде во текот на денот ќе отпатува за Анкара, да ја обезбеди поддршката неопходна за повторно почнување на преговорите.

– Но, нема да ги прашам (лидерите на Грција и на Турција) да вршат каков било притисок. Со нив сакам да споделам дека сум загрижен. Позагрижен сум повеќе од кога било порано во последните три години дека процесот е во сериозен проблем, рече Еиде.

Според него, за најмалку пет до шест проблеми, лидерите разговарале во четири очи.

– Ни преостануваат прашањата за безбедноста и гаранциите, рече тој, објаснувајќи дека лидерите на кипарските Грци и Турци, Никос Анастадијадес и Мустафа Акинџи, се согласиле околу повеќето прашања неопходни за склучување на спогодбата.

Еиде во петокот ги откажа разговорите со Анастадијадес и Акинџи, бидејќи не успеаја да пронајдат „заеднички јазик“ за свкикување на завршниот самит, чија цел е сеопфатната спогодба за повторно обединување на островот, а имаа и различни ставови за присуството на 35.000 турски војници на островот.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ