Амбер Рад: Лондон по Брегзит сака да има специјални врски со ЕУ

Од:

Британската министерка за внатрешни работи Амбер Рад изјави денеска дека по излегувањето од ЕУ, Велика Британија сака и натаму да има длабоки и специјални врски со Унијата.

– Откако ќе почнат преговорите за Брегзит, ние ќе настојуваме да ја убедиме Германија и сите другите во ЕУ дека сакаме да бидеме силен партнер во одбраната и безбедноста, а се надевам и во трговијата, рече во интервју за радио Би-Би-Си министерката Рад.

Нејзината реакција доаѓа по излагањето на германската канцеларка Ангела Меркел на еден собир во Минхен дека „ЕУ сега мора да се избори за својата сопствена судбина“ и дека по изборот на Доналд Трамп за американски претседател и одлуката на Британиците да ја напуштат Унијата, повеќе не ќе може да се потпира врз САД и Велика Британија.

Рад во интервјуто вели дека тоа не е точно и се обидува да ја увери Меркел дека Лондон сака да ја продолжи блиската соработка со Унијата.

Изјавата на Меркел во Минхен доаѓа по Самитот на Г-7 и разочарувањето на официјален Берлин од одбивањето на Трамп да потврди дека САД остануваат на договорот за климатските промени.

– Мој впечаток е дека истекува времето кога ЕУ, Германија и другите во ЕУ зависеа од другите од надвор, изјави Меркел на собирот во баварскиот главен град, дофавајќи дека приоритетот сега ќе се насочи на силните и блиски односи со Франција и претседателот Емануел Макрон.

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС