Продолжуваат проблемите со реализирање на летовите на „Бритиш Ервејз“ од лондонскиот аеродром „Хитроу“ по падот на комјутерскиот систем на компанијата во саботата.
Авиокомпанијата вчера ги обнови летовите од „Хитроу“ и „Гетвик“, но стотици патници се уште чекаа синоќа по терминалите на аеродормите.
Ангажиран е дополнителен аеродрмомски персонал, кој им дели храна и пијалоци на патниците кои чекаат, соопшти „Бритиш ервејз“.
Компанијата тврди дека возниот ред на „Гетвик“ денеска ќе биде целосно обновен и изрази надеж дека голем дел од летовите од „Хитроу“ ќе бидат навреме реализирани.