Планинарски марш „По патеките на Мис Стон“

Од:

Традиционалниот планинарски марш „По патеките на Мис Стон“ што го организира ПАЕК „Маратон“ од Струмица денеска по шести пат се одржа под покровителство на општина Василево.

Стотина планинари и ентузијасти утрово во 7:45 минути тргнаа кон село Нивичино од браната Турија преку Јурукова колиба, Павлова ливада до Железен дол.

– Патеката е средно тешка и е погодна за планинари на возраст од 7 до 77 години. По пристигањето во Нивичино за сите учесници имаме обезбеден заеднички ручек. Оваа тура ја организиравме како потсетник на овој историски настан, кога во 1902 година американската мисионерка се движела кон своето ослободување. Тоа е патеката од село Нивичино, каде што била чувана како заробеник до селото Градашорци каде што Мис Стон била ослободена со разменување, изјави Ѓорги Крмзов, претседател на ПАЕК „Маратон“.

Должината на целата патека изнесува 12 километри.

Би можело да ве интересира

Полицијата ги пронајде планинарите кои се изгубија во тетовско

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Од ФПСМ излегоа со ФБ соопштение во врска со состојбата на алпинистот Здравко Дејановиќ при искачувањето на врвот Лотце на Хималаите

Предраг Петровиќ

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Македонски планинари го искачија Аконкагва, највисокиот врв во Јужна Америка

Планинар преживеа пад од височина од 600 метри

Предраг Петровиќ