Најдобриот македонскиот тенисер во моментов Томислав Јотовски обезбеди пласман во полуфиналето на Фјучрс турнирот во Добој.
Јотовски со убедлива игра избори место во полуфиналето откако денеска во четвртфиналниот меч кој траеше 91. минута со 2-0 во сетови 6:2 и 6:2 го совлада првиот носител Љубомир Челебиќ од Црна Гора
Ова е најдобар настап за Јотовски оваа година, а во полуфиналето тој ќе игра против победникот од четвртфиналето меѓу Фабрицио Оранжо и Елмар Ејуповиќ.
Јотовски попладнево ќе настапи и во два меча во конкуренција на двојки.