Британската кралица Елизабета Втора денеска ја посети болницата во Манчестер, каде што се хоспитализирани повредените лица од терористичкиот напад што се случи во понеделникот.
При нападот, што се случи на концертот на пејачката Аријана Гранде, загинаа 22 лица, а 64 беа ранети.
Кралицата ќе помине одредено време повредените кои се наоѓаат на Оделот за детски болести во Кралската болница во Манчестер, каде се хопситализирани 12 деца на возраст под 16 години.