Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск по средбата со американскиот претседател, Доналд Трамп изјави дека не е сосема уверен дека денес може да каже дека САД и ЕУ имаат заеднички став за Русија.
– Во однос на Украина изгледа дека сме на иста позиција, нагласи тој и додаде дека некои прашања остануваат отворени – за заштита на природата и за трговијата.
Тој истакна дека ЕУ и САД имаат усогласени ставови во однос на прашањето за борба против тероризмот.
– Главната порака што сакам да ја упатам е дека она што ги прави нашата соработката и пријателство длабоки се заеднички вредности на Западот – слободата, човековите права, почитување на човечкото достоинство. Најголемата задача денеска е обединување на слободниот свет околу тие вредности, а не само околу интересите, рече Туск.