Рено потврди дека новиот најбрз Меган ќе биде претставен на публиката во рамки на претстојниот тркачки викенд во Монте Карло.
Автомобилот ќе помине неколку ревијални кругови на познатата улична патека утре, на 26 мај, а зад воланот ќе биде Нико Хилкенберг кој настапува за тимот Рено Спорт Рејсинг Формула 1.
Официјалната светска премиера на новиот Рено Меган РС ќе се одржи во септември, на саемот за автомобили во Франкфурт.
Се очекува овој модел и понатаму да има преден погон, а силата ќе ја добива од 1.8-литарски турбо бензинец кој го покренува и спортскиот модел Рено Алпина А110, или од 2.0-литарски агрегат.
Без оглед на тоа кој е од наведените два мотора под хаубата, автомобилот треба да располага со околу 300 коњски сили, а погонската единица е споена со 6-брзински мануелен менувач или опциски 7-степен автоматски менувач со двојно квачило.