Од македонските тенисери кои се појавија на стартот од фјучрсот во Добој, победа во првото коло постигна само Томислав Јотовски. Тој денеска во два сета го победи Мислав Бошњак од Австралија со 2-0 (6:4 и 6:2 во гемови).
Од другите македонски тенисери порази во првото коло вчера претрпеа Горазд Србљак и Стефан Мицов. Но, двајцата во конкуренција на двојки денеска постигнаа победа од 2-0 во сетови (6:0 и 6:3) над Британецот Џое Купер и Американецот Мет Сибергер.
Јотовски утре во второто коло ќе игра против седмиот носител Лукас Гомез од Мексико. Мечеви во конкуренција на двојки ќе играат и Јотовски, кој настапува со Милан Радојковиќ од Србија, како и Мицов и Србљак.