Питела: ЕУ ризикува Балканот да премине во руска орбита

Од:

Шефот на пратеничката група на социјалистите и демократите во Европскиот парламент, Џани Питела изјави дека на државите од Западен Балкан, кои сакаат во Европска унија, треба да им се даде јасна перспектива за членство, за да не попаднат во „руска орбита“.

– ЕУ мора да биде многу активна, иако проширување на Унијата е можно по 2019 година… Балканот поминува низ многу проблематичен период. Во Македонија, во Албанија, во Босна и Херцеговина и во Србија дејствуваат силни дестабилизирачки притисоци, изјави Питела за словенечкиот дневен весник „Дневник“.

Тој додаде дека „Балканот е составен дел од Европа и соседство на ЕУ“.

– Но, сега сме многу далеку едни од други иако би требало да бидеме блиску и обединети. Потребна е активна политика кон тој регион и политичка мобилизација на европските сили, бидејќи ризикуваме цело тоа подрачје да премине во руска орбита. Тој ризик е многу реален, а руската привлечност е голема, посочи Питела.

Тој потенцира дека единствено политиката на отворена перспектива за членство во ЕУ е единствена политика која ќе ги држи балканските земји безбедни од Русија.

– Таа перспектива поттикнува и економски, социјален и демократски напредок на тамошните општества. Државите кои се кандидати за членство би можеле да се придружат на ЕУ по 2019 година, но мораме да им дадеме јасен одговор кој ќе делува стабилизациски, посочи Питела.

Тој нагласи и дека „спомнатите држави мора сосема јасно да ги исполнат критериумите и да се обврзат дека ќе го почитуваат правото на ЕУ и нејзините демократски начела, инаку вратата на ЕУ ќе биде затворена“.

Би можело да ве интересира

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија