Се намалува предноста на британските конзервативци пред лабуристите

Од:

Предноста на британската Конзеративна партија пред опозициските лабуристи е намалена и таа сега изнесува девет отсто, покажува последното истражување на агенцијата „Југав„ направена за неделникот „Сандеј Тајмс“.

Доколку сега би се одржале изборите, конзервативците на премиерката Тереза Меј би освоиле 44 отсто, додека лабуристите на Џереми Корбин 35 проценти од гласовите на британските гласачи.

Станува збор за забележително намалување на разликата, затоа што кон крајот од минатиот месец таа изнесуваше дури 22 отсто во полза на конзервативците.

Ваквата промена е предизвикана поради падот на поддршката за ториевците, како и затоа што се забележува раст на подршката за Лабуристичката партија, која политичките есперти ја објаснуваат со „грешките на Меј во нејзиниот изборен манифест во делот за социјалните бенифиции“.

Наспроти тоа, Корбин и лабуристите понудија „строго левичарска програма“, која е остро критикувана од Конзервативната партија и медиуми блиски до неа, но која се покажа дека има подршка од голем број Британци, особено од оние кои се погодени од политика на владите на конзервативците за кратење на буџетот и на фондовите за социјални потреби.

Дури 48 отсто од Британците се согласуваат со повторната национализација на железницата, што се објаснува со високите цени на транспортот во Велика Британија, кој важи за најскап во Европа, како и за подржавување на дистрибуцијата на водата, обвинувајќи ги компаниите дека остваруваат големи профити за сметка на високите трошоци на луѓето за потрошената вода.

Една друга анкета, на проконзервативниот „Меил он Сандеј“ пак покажува дека предноста на ториевците и натаму е солдина и според овој весник, изнесува 12 отсто, но и тој се согласува дека за кусо време конзервативците и Терза Меј загубија пет процентни поени.

Медиумите во Лондон пишуваат дека менувањето на позициите на двете главни партии пред изборите на 8 јуни, создало нервоза во редовите на Конзервативната партија, која досега беше опфатена со еуфоријата дека лабуристите „ќе бидат прегазени“, а дека Меј е подобра и од Маргарет Тачер, па „лесно ќе се справи“ со Европејците во преговорите за Брегзит.

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Елизабет Трас: Ни треба британски Трамп

А1он

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

Три жени ранети во престрелка во Англија

Јавниот долг на Велика Британија достигна 100 отсто од нејзиниот БДП

ВИДЕО: Британскиот тајкун исчезна, ден претходно беше убиен неговиот деловен партнер

Катерина Ѓуровски