Португалската полиција соопшти дека по едногодишна истрага во акција на брод што пловел по Средоземно Море запленила околу 10 тони хашиш, пренесоа американските медиуми.
Во операцијата учествувале пет европски земји и две европски агенции, меѓу кои и Европол.
Поморската флота и Военото воздухопловство на Португалија ја спровеле нејзината последна фаза.
Запленетата дрога од бродот била спакувана во 333 бали, а на бродот била натоварена од една неименувана северноафриканска земја.
Дрогата била наменета за земји во Европа.
Уапсени се двајца Португалци и четворица странци. Тие ќе бидат изведени пред суд.