Екипата на Јувентус трет пат во низа е освојувач на фудбалскиот Куп на Италија. Во финалето одиграно синоќа на „Олимпико“ во Рим, тие славеа победа на римски Лацио со 2-0.
До вкупно 12. трофеј во „Копа Италија“ тимот на Јувентус дојде со головите на Дани Алвеш (12.минута) и Леонардо Бонучи (24).
„Старата дама“ веќе в недела ќе има можност да ја освои и втората титула сезонава. Пред својата публика Јувентус со триумф против Кротоне ќе ја прослави и титулата шампион на Италија.
Доколку избраниците на Алегри пак успеат да триумфираат и во финалето на Лигата на шампионите каде за противник ќе го имаат Реал, тогаш тие ќе го достигнат достигнувањето на Интер од ерата на Жозе Мурињо, кој ги освои сите три титули.